декември 7, 2021
Златниот сертификат за волонтерство во 2021 година доделен на Планинската спасителна служба при Црвен Крст Охрид
По повод 5-ти декември, Меѓународниот ден на волонтерството, Младинскиот културен центар Битола (Волонтерски центар на Македонија) го додели Златниот сертификат за волонтерство во 2021 година на Планинската спасителна служба при Црвен Крст Охрид. Ohrid red cross – Mountain Rescue Service
МКЦ Битола ги доделува Националните волонтерски награди од 2006 година со цел оддавање на јавно признание на волонтери кои се вклучуваат за доброто на својата заедница, помагаат на други и ја промовираат солидарноста, хуманоста и сите позитивни вредности на волонтерските активности.
Националната волонтерска награда, МКЦ Битола ја додели на ПСС Охрид за реализираните операции во текот на изминатата година. Планинската спасителна служба годинава реализираше 12 спасителни операции за извлекување и помош на повредени лица, 25 асистенции за извлекување на заглавени возила во снег на Галичица, 2 спасителни операции за извлекување на домашни миленичиња, а учествуваше и во гаснење на шумскиот пожар на планината Галичица, асистирајќи им на надлежните служби.
Волонтерскиот ентузијазам, владеењето на алпинистичките вештини и стремежот за исполнување на највисоките светски стандарди, поткрепени со доверба од институциите и заедницата, секогаш резултираат со квалитет.