Дејствување
Активности на младите на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид
Работата на младите на Црвениот крст на Република Северна Македонија е насочена кон потребите на младите луѓе, преку пристапот врсник на врсник и разни облици на неформално едуцирање со цел промоција и унапредување на здравјето, ублажување на социјалните проблеми преку хуманитарни акции, дејствување при итни состојби од хуманитарен аспект, зачувување на достоинствата и различностите, обучување на младата популација за заштита и самозаштита, стекнување со вештини од областа на првата помош, промовирање на принципите на движењето, повикување на култура на дијалог за взаемно разбирање, толеранција и хуман однос без дискриминација.
Активности кои ги реализираат младите на Црвениот крст на Република Северна Македонија:
1. Дисеминација за движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина;
2. Иницијативи за хуманитарна поддршка на поединец или целна група;
3. Промоција на хумани вредности
4. Врсничка едукација за превентивни програми на Црвен крст на Република Северна Македонија;
5. Натпревари по прва помош;
6. Одбележување на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвена полумесечина – 8 мај;
7. Одбележување на Недела на млади на ЦКРСМ 01-07 Октомври;
8. Одбележување на Светскиот ден на волонтерството – 5 декември;
9. Обуки за зајакнување на капацитети на младите волонтери (развој на лични вештини, грижа за ментално здравје и др.);
10. Вклучување во програмските активности на Националното друштво
11. Меѓународен аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“
12. Едукатини програми за млади: Центар за развивање на животни вештини-Бреинобраин и Програма за подготовка на деца за во училиште – Полетарче
13. Младински поткаст – младински активизам
< врати се назад



