јуни 3, 2022

Заврши и третиот циклус од обуките за негуватели на стари лица и лица со попреченост

Заврши и третиот циклус од обуките за негуватели на стари лица и лица со попреченост.
Доделени се сертификати на 12 лица кои во периодот од февруари до април годинава го следеа третиот циклус обуки за негуватели на стари лица и лица со попреченост.
Овие обучените и сертифицирани негуватели сега се дел од Нега центар при Црвен крст Охрид и ќе можат да даваат помош и нега во домот на стари лица над 65 години, како и на лица со намален функционален капацитет и на лица со попреченост.
Основната цел на Нега центар – Охрид е да го подобри и одржува здравјето на корисникот во неговото домашно опкружување.
 
 
< врати се назад