За посреќно детство
Во организација на Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид на градскиот плоштад во Охрид на 21.09.2019г. по 11ти пат се одржа традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција “За посреќно дество”. Настанот се реализира во соработка со Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“ и Сојузот на училишен спорт, а традиционален партнер на акцијата е Стоматолошки Центар Д-р Баткоски.
Учество на овој настан се обезбедуваше со купување на учеснички број кој чинеше 30 денари, а средствата собрани од продажбата на учеснички броеви за акцијата и со обезбедување на прилози од спонзори и донатори, се наменети за помош на децата од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебарца
Целта на оваа акција е промовирање на спортскиот дух меѓу младите преку нивно учество во различни спортско-рекреативни содржини, како и подигање на свеста кај нашите сограѓани за солидарност, хуманост и пружање на потребната помош на оние кои се соочуваат со социјални и здравствени потешкотии. Акцијата започна со градска трка по улицата Македонски Просветители за да продолжи со натпревари во бројни спортски дисциплини: фудбал, баскет, бадминтон, шах, вртење хулахоп, топкање топка, скокање со јаже, пикадо, возење велосипед, ракомет. За забавата се погрижија најмладите од детските градинки во Охрид, распеаните Рибарчиња, а спортскиот дух во ритамот на музиката го одржуваше аеробик сесијата со инструктор од ИБ фитнес. На градскиот плоштад свое катче имаше и програмата на Црвен крст Охрид „Време е за книга-Children story hour“ , „Бреинобреин“ и “Јога Смеа”.
Општинска организација Охрид, Стоматолошкиот центар Др. Баткоски и помагателите на оваа акција се погрижија за бројни награди за сите победници во спортските натпревари, но и за сите учесници на овој настан и за една убава забава за сите деца, со куклена претстава, со пантомимичари, штулари и многу други интересни содржини. Сите оние кои купиле учеснички бројво изминатиот период учествуваат во големата наградна игра со преку 50 вредни награди кои ќе бидат извлекувани во втората половина на месец октомври (седумдневно зимување на Златибор, петдневен престој во Суботица, викенд во Крушево, курсеви за странски јазици, компјутерска галантерија и др.)