
октомври 1, 2018
За посреќно детство-посета на градоначалник
Општинската организација на Црвен Крст Охрид, ја заврши кампањата “За посреќно детство“,со спортско –рекреативен настан на кој учествуваат ученици од сите возрасти.
Во кампањата активно беше вклучена и локалната самоуправа и јавните претпријатија и училиштата од градов. Градоначалникот Јован Стојаноски претходната недела ги прими волонтерите на Општинска организација Охрид и им посака многу успех во спроведувањето на активностите.
Собраните средства ќе бидат донирани на децата од социјално ранливите семејства од Охрид и Дебрца.