
Второ место за екипата по прва помош од Црвен крст Охрид
Денес, 26 септември 2026 година, во Скопје на Плоштад Македонија се одржа XXXII-иот Државен натпревар по прва помош, чиј домаќин беше Црвен крст на град Скопје.
На натпреварот учествуваа 10 екипи од 10 општински организации на Црвениот крст, кои претходно обезбедија најдобар пласман на регионалните натпревари.
Натпреварувачкиот дел се одвиваше на 10 бази – 5 бази за прва помош и 5 бази со забавен и интерактивен карактер, на повеќе локации во централното градско подрачје: Музејот на холокаустот, кејот на реката Вардар, Жена парк, Порта Македонија и Рекорд.
Честитки до сите екипи на Државниот натпревар по прва помош 2026, а посебно за членовите на тимот на Црвен крст Охрид за нивната посветеност во текот на подготовките и покажаното знаење на натпреварот.
Упатуваме благодарност до сите волонтери и ментори кои активно беа вклучени во поддршката на екипата на Црвен крст Охрид!





