
март 1, 2023
ВТОРА ПХВ РАБОТИЛНИЦА
Изминатиов викенд, на 26.02.2023 беше одржана и втората работилница од програмата ЦКА – ПХВ во просториите на Црвен крст Охрид со младинците.
На оваа работилница за запознавање со малите проекти младинците имаа можност да се запознаат со :
Значењето на тимот и тимската работа
Како да се лоцираат проблемите и целната група во општеството?
Како се изработуваат малите проекти?
Какви можат да бидат малите проекти?
Работилницата беше одржана од дисеминаторот Ана Марија Петковска, помошник дисеминаторот Борче Исакоски и мини менторите Калина Стојаноска, Мартина Анастасијевска, Стефанија Битолкоска, Ѕвездан Јончевски и Бојана Котеска.
Дополнително, младинците беа поздравени и се запознаа со ПХВ инструкторите Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц.





+6