
март 11, 2024
ВРСНИЧКИ ЕДУКАЦИИ
Црвен крст Охрид почна со реализирање на врснички едукации во 2024 година со цел побрзо исполнување на минимум стандардите за информирање на населението.
Беа одржани 3 врснички едукации во следните училишта :
Давид Бујароски и Филипа Мијалкова (пробна врсничка едукација на тема “Превенција од болести на зависности” ) – ООУ “Св. Климент Охридски” ;
Стефанија Битолкоска и Теона Талевска (пробна врсничка едукација на тема “Превенција од трговија со луѓе” ) – СОСУ “Св. Кирил и Методиј” ;
Сара Петковска и Борче Исакоски (врсничка едукација на тема “Превенција од сексуално преносливи инфекции” ) – ООУ “Григор Прличев” Рача.
Врсничките едукации беа одржани во периодот од 4 до 7 март и беа опфатени 56 ученици од осмо одделение, трета и четврта година средно.






