март 1, 2024
ВРСНИЧКИ ЕДУКАЦИИ
Црвен крст Охрид почна со реализирање на врснички едукации во 2024 година со цел побрзо исполнување на минимум стандардите за информирање на населението.
Беа одржани 3 врснички едукации во следните училишта :
Сара Петкоска и Јана Џамтоска (пробна врсничка едукација на тема “Превенција од сексуално преносливи инфекции” ) – ООУ “Дебрца” ПУ “Требеништа” ;
Иво Георгиески и Петар Целакоски (пробна врсничка едукација на тема “Превенција од болести на зависности” ) – ООУ “Григор Прличев” ;
Калина Стојаноска и Радмила Герасимова (врсничка едукација на тема “Превенција од трговија со луѓе” ) – ООУ “Дебрца” ПУ “Требеништа”.
Врсничките едукации беа одржани во периодот од 27 до 29 февруари и беа опфатени 73 ученици од осмо одделение.