октомври 21, 2022
ВРСНИЧКА ЕДУКАЦИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ
По повод Меѓународниот ден на борба против ТСЛ, оваа среда на редовен состанок на клубот на млади се оддржа врсничка едукација на оваа тема.
Волонтерите беа информирани за :
Што е трговија со луѓе?
Како можеме да ја препознаеме?
Зошто и на кого се случува?
Кои се последиците кај жртвите?
Начини на кои можеме да ја избегнеме!
Едукацијата ја спроведе Радмила Герасимова, врснички едукатор за борба против ТСЛ, и беа едуцирани околу 30 млади волонтери.
Врсничките едукации се важен аспект од работата на клубовите на млади бидејќи така се покрева свеста кај младите на теми од особено значење за општеството.