март 12, 2024

ВОЛОНТЕРИ НА МЕСЕЦ

На последниот редовен состанок на Клубот на млади при Црвен крст Охрид беа повторно прогласени за волонтери на месец оние волонтери кои најмногу придонесле за неговата работа и развој.
Иво Георгиески е ученик во прва година во Охридската гимназија. Своето волонтерско искуство го започнува минатата есен, со голема посветеност и љубов. Иако е волонтер кратко време има учествувано на повеќе хуманитарни акции, како на пример : припрема за настанот Волшебна елка, дел од музичкиот бенд за хуманитарната забава за ретки болести и дел од тимот кој учествуваше на “Night to shine”, различни предавања и работилници, беше дел од тимот за самопроценка на ООЦК Охрид, учествуваше на последниот тренинг за врснички едукатори и ги заврши своите пробни врснички едукации, додека моментално е дел од обуката за прва помош и ЦКА – ПХВ циклусот. Волонтирањето го прави среќен, бидејќи според него хуманоста не се учи, таа се доживува. Секогаш го води мотото дека големината на хуманите луѓе е во нивната скромност.
Исидора Маркоска е ученик во втора година во гимназијата “Св. Климент Охридски”. Со волонтирање започнува минатиот Април со посетување на редовните состаноци на клубот млади. Од тогаш волонтирањето прави да се чувствува убаво, исполнето и корисно во заедницата и и овозможува да помогне онаму каде што навистина е потребно. Има учествувано во многубројни акции и настани како: крводарителски акции, обуки за ПП и ППП, паради, Night to shine, и многу други, а на крајот на претходната година, го иницира отварањето и почнува да го води новиот клуб на читатели во Црвен Крст. Неодамна станува и дел од циклусот ЦКА-ПХВ со што го продолжува нејзиното волонтерско искуство со неизмерно задоволство.
Им се заблагодаруваме на волонтерите за нивниот труд и придонес во изминатиов период.
 
 
 
 
 
 
< врати се назад