март 23, 2024
ВОДА ЗА МИР
Во рамките на одбележувањето на 22 март, Светскиот ден на водата, чиешто мото годинава е ВОДА ЗА МИР, Црвен крст Охрид и Центар за јавно здравје Охрид, со поддршка на еколошки и спортски здруженија и организации од Охрид, организираа забавно-едукативен настан на Градскиот плоштад на ден 23.3.2024 година.
Целта на организирањето на овој настан е да се истакне вредноста на Охридското езеро како најголем природен базен на питка вода и да се упати апел до населението и надлежните за одбегнување и спречување на настани и активности на Охридското езеро и во блиската негова околина, кои се опасност за живиот свет и ја нарушуваат природната рамнотежа.
Во склоп на ПХВ програмата во 2024 година една од групите ја започна својата кампања за подигање на свесноста за последиците од евентуалното одржување на светското првенство во трка со чамци формула 1, F1H2O чамци, најавено за јули 2024 година на Охридското езеро во Поградец, Албанија со учество на настанот и ширење на пораката преку организираните активности на нивниот штанд .
Дополнително, на настанот за прв пат настапи новиот музички бенд на Црвен крст Охрид, волонтери од Клубот на млади организираа свој отворен ден за промоција на активностите на Клубот, дечињата од програмите BRAINOBRAIN и “ПОЛЕТАРЧЕ” со нивните тренери учествуваа во забавно – едукативниот дел на настанот, а две од другите ПХВ групи организираа хуманитарен базар во соработка со Клубот на пензионери “Најди време” со цел собирање на финансии за реализација на своите проекти.
Да се обединиме околу водата и да ја користиме за мир, поставувајќи темели за стабилна и просперитетна иднина .