април 24, 2023
“ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ”
Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележувањето на Неделата на солидарност од 17-23 април 2023 год., под мотото “ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ” со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, Црвениот крст организира хуманитарна собирна акција за обезбедување на помош во храна, средства за хигиена и парични средства, која ќе биде наменета за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебрца.
Апелираме и ги повикуваме нашите сограѓани, фирми и институции да ја покажат својата солидарност и хуманост и масовно се вклучат во акцијата со:
-донирање на материјални добра-прехрамбени производи и средства за хигиена во просториите на Црвен крст Охрид ул. Димитар Влахов бр.52
-донирање на парични средства (100 ден) со повик на телефонските броеви 070/075/077 143-400 на жиро сметката на Црвен крст со назнака за “Недела на солидарност”
-со уплата на средства на сметката на Фондот за солидарности на Црвен крст на РСМ 300000001327966, Депонент Комерцијална банка, ДБ 4030984271620
-со електронска уплата на средства на интернет страната на Црвениот крст
Од донираните парични средства и собраните намирници ќе бидат обезбедени и подготвени хуманитарни пакети со прехрамбени поризводи и средства за хигиена кои ќе бидат дистрибуирани до крајните корисници.
Со секоја ваша донација овозможувате да се помогне на што поголем број на лица на кои помошта им е најнеопходна.