Учество во NATO EADRCC вежба “Северна македонија 2021”
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид зеде учество на вежбата за управување со последици „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021“, организирана од Евро-атлантскиот центар за координација на одговор на катастрофи на НАТО и Центарот за управување со кризи на Република Северна Македонија која се одржа од 20 до 23 септември 2021 година.
Оваа вежба придонесе кон подобрување на подготвеноста на воените, полициските, пожарникарските и останатите служби за спасување во природни катастрофи и непогоди.
Општинска организација Охрид учествуваше со:
✅Тимови за спасување на планина и на вода
✅Парамедици
✅Волонтери – актери во вежбата
✅Шминкери – прикажување на реални повреди
✅Тим за воспоставување на семејни врски
Изразуваме благодарност до сите учесници, кои одлично се справија во оваа симулација.