Светски ден за борба против ХИВ/СИДА
1-ви декември Светскиот ден за борба против СИДА Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид го одбележa со низа активности. Со цел да се подигне нивото на свеста во јавноста за СИДА и изрази поддршка на оние кои што живеат со ХИВ, на 1 ви декември волонтерите на Општинска организација Охрид и ЗГ Опција Охрид на вработените и посетителите во градските кафулиња, маркети, продавници, ставаа црвени панделки како универзален симбол за свеста дека СИДА-та постои и како поддршка на оние кои живеат со СИДА, а беа делени и едукативни флаери за начинот на пренесување, превенција и заштита од инфекција со ХИВ вирусот.
И оваа година активностите во кампањата за борба против ХИВ/СИДА се во соработка и поддржани од Canadians for Children at Health Risk од Канада