Светски ден на Прва помош
И оваа година со посебно внимание се фокусиравме на одбележувањето на овогодинешниот Светски Ден за Прва помош, ден за промовирање на знаењата и вештините за првата помош, за придонес во промените за проширување и подобрување на обуките за првата помош како хуманитарен чин и клучна компонента за еден посовремен и поширок пристап.
Темата на Светскиот ден за Прва помош беше “Првата помош и маргинализираните лица”. Во тие рамки Општинска организација Охрид го одбележа Светскиот ден на првата помош на 14.09.2019 г. (сабота) на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ и Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, каде во периодот од 10-12 ч. тимовите на парамедици на Општинска организација Охрид презентираа знаења и техники за укажување прва помош при различни повреди.