декември 1, 2023

СВЕТСКИ ДЕН НА БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА

По повод одбележување на Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, Д-р Јованка Струлакова Коровешоска заедно со социјалниот работник од Црвен крст Охрид, Даниела Вељановска, одржаа кратка презентација на податоците за состојбата со инфекции со ХИВ вирусот во целата држава и во охридскиот регион.
Потоа, волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид заедно со ученици од средното школо СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, рачно изработуваа црвени панделки кои се симбол за овој ден.
Панделките беа поделени на граѓаните низ Охрид, со цел да се подигне свеста за ХИВ/СИДА и да се пружи поддршка на луѓето кои се борат со истите.
Овој ден претставува заедничка борба, а не само на инфицираните лица! Нека заедниците водат!
И оваа година активностите во кампањата на Црвен крст Охрид за борба против ХИВ/СИДА се поддржани од Canadians For Children At Health Risk од Канада.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 5 people, hospital and text
May be an image of 2 people and text
May be an image of 3 people
May be an image of 4 people
May be an image of 3 people
May be an image of 3 people
May be an image of 2 people
May be an image of 6 people and text
May be an image of 4 people
May be an image of 4 people, hospital and text
 
 
 
 
< врати се назад