јануари 24, 2023

ШКОЛА ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ 2

На ден 17.01.2023 во Клубот на млади се одржа вториот дел од школата за ментално здравје со нашите врснички едукатори.
 
На истиот 13 волонтери имаа можност да дискутираат и да се запознаат повеќе со следните теми:
– Емоции и чувства
– Возбуда и анксиозност
– Тага и депресија
– Грижа за себе и другиот
 
Со оваа школа врсничките едукатори Бојана Котеска и Бојана Костоска завршија со процесот на нивна обука за едукатори на оваа тема и се стекнаа со уверенија за врснички едукатори за ментално здравје како дел од првата генерација.
 
 
 
< врати се назад