јуни 19, 2023
РАБОТИЛНИЦА ЗА ЗДРАВИ НАВИКИ
На последниот редовен состанок на Клубот на млади минатата недела, младите волонтери имаа можност во една поинаква атмосфера да учествуваат на работилница за здрави навики.
– На истата, 10 волонтери дискутираа и се запознаа повеќе со темите :
– Здрава и балансирана исхрана
– Здрав начин на живот
– Физичка активност и сон
Работилница беше спроведена во соработка со Здружение на лекари специјализанти, од страна на Дијана Мицевска.