мај 23, 2020

Психо-социјална поддршка

Во ова тешко време, кога се соочуваме со несреќа од глобални размери предизвикана со ширењето на коронавирусот, тимот за психосоцијална помош (ПСП) на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид составен од два искусни психолози, од 25.03.2020, e достапeн за сите оние кои се најранливи во оваа кризна ситуација и на кои им е потребна дополнителна психосоцијална поддршка.

Десетина повици дневно добиваат двајцата психолози во тимот за психо-социјална поддршка, но тие очекуваат бројот на повици од граѓани да биде уште поголем по олабавувањето на мерките, затоа што на луѓето сега ќе им биде тешко да се вратат во нормален колосек.

Денот на Ранко и Александра, психолози во тимот за психо-социјална подршка при Општинска организација Охрид во ова време на пандемија од Ковид 19 им поминува со јавувања на граѓани кои имаат потреба од помош. Поради мерките на претпазливост и забраната за групирање, комуникацијата се одвива преку отворена телефонска линија или преку видео-врска на интернет. Линијата почна со работа на средината март кога дојде и до зголемување и на бројот на заболени во земјава.

Најмногу повици добиваат од лица кои се на средновечна возраст, а кои биле загрижени за сопственото здравје. Се сретнувале и со ситуации на уплашени луѓе, па најчестите прашања биле како да ја пребродат целата оваа ситуација .
Човечки е да се побара помош, а тие се тука да им помогнат на граѓаните во пронаоѓање на одговорите и решенијата на проблемите. Своите потреби од психо-социјална помош и поддршка граѓаните може да ги реализираат од нивниот дом, секој работен ден, јавувајќи се на телефон 070240365 психолог Александра Николеска во период од 10 до 12 ч. и на телефон 076624633, психолог Ранко Раткушиноски во период од 15 до 17 ч.

< врати се назад