февруари 22, 2023
ПРВА ПХВ РАБОТИЛНИЦА
Изминатиот викенд на 19 февруари во Црвен крст Охрид се одржа првата работилница од овогодинешниот ЦКА – ПХВ циклус за новите ПХВ младинци.
На истата тие имаа можност да се запознаат со дисеминаторот Ана Марија Петковска и нејзиниот помошник Борче Исакоски, овогодинешните мини ментори, како и со целите и концептот на работа на програмата.
Поконкретно младинците работеа во групи и индивидуално и научија :
– Како е основан Црвениот крст?
– Кои се принципите на движењето?
– Кое е значењето на амблемите на Црвен крст?
– Што се тоа Женевски конвенции?
– Што е Меѓународен Комитет, што Меѓународна Федерација, а што национално друштво на Црвен крст?
Им посакуваме многу успех на овие младинци понатаму во текот на нивното дообучување за да станат локални херои во нашиот град.