април 13, 2023

Промовирана книгата „Приче из нашег млина“ од Бранка Дувњак и Славица Галиќ

На 8 април 2023 година, во големата сала на Општина Охрид, се одржа промоција на книгата „Приче из нашег млина“ од авторките Бранка Дувњак и Славица Галиќ. Овој настан беше организиран од Црвен крст Охрид, во соработка со Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Загреб, Хрватска и Oпштина Охрид.
📖💼 „Приче из нашег млина“ е книга за школата за медицински сестри Млинарска во Загреб, прва во земјата во тоа време, за годините на нивното образование, за професионалната пракса на загрепските клиники, за медицинските сестри воопшто. Според програмата на оваа школа, во 1921 година биле отворени медицински школи и во други центри во земјата, меѓу кои и школа за медицински сестри во Скопје.
📖👩‍🎓Книгата содржи 34 приказни, кои прават една целина, а го опишуваат времето на школување во училиштето на Млинарска 34 (па затоа и 34 приказни) во периодот од 1972 до 1976 година. Тука се испреплетени приказните од дружбите во училиште, годишнините од матурата, како и некои од размислувања на тогашните генерации за сестринството и здравството воопшто.
📖✨ „Приче из нашег млина“ сведочи за една младост од 70-те години на 20-от век, за нејзините соништа и стремежи. Оваа книга е доказ дека некогаш и мал спомен може да поттикне многу сеќавања. Меѓу сеќавањате во книгата се вткаени прекрасните впечатоци од матурската екскурзија во Охрид во 1975 година, како и посетата на други градови во Македонија, а како додаток, во содржината е опишана и репризата на матурската екскурзија, повторното патување во Охрид, во 2016 година по повод 40-годишнината од матурата и матурската екскурзија.
📌 Книгата „Приче из нашег млина“ е во издание на реномираната издавачка куќа „Медицинска нaклaдa“ од Загреб, Хрватска.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад