април 6, 2023

Промоција на книгата „Приче из нашег млина“ од авторките Бранка Дувњак и Славица Галиќ

Со големо задовоство Ве покануваме на промоција на книгата „Приче из нашег млина“ од авторките Бранка Дувњак и Славица Галиќ, во издание на реномирана издавачка куќа „Медицинска нaклaдa“ од Загреб, Хрватска.
Ова е книга за школата за медицински сестри Млинарска во Загреб – прва во земјата во тоа време, за годините на нивното образование, за професионалната пракса на загрепските клиники, за медицинските сестри воопшто. Според нејзината програма, во 1921 година биле отворени медицински школи и во други центри на земјата, меѓу кои и школа за медицински сестри во Скопје.
Книгата сведочи за една младост од 70-те години на 20-от век, за нивните соништа и стремежи, за љубовта, музиката која ја слушале, филмовите кои ги гледале…
Книгата содржи 34 приказни, кои прават една целина, а го опишуваат времето на школување во училиштетео на Млинарска 34 (па затоа и 34 приказни), во периодот од 1972/1976 година. Тука се испреплетени приказните од дружбите во училиште, годишнините од матурата, како и некои од размислувања на тогашните генерации за сестринството и здравството воопшто.
Оваа книга е доказ дека некогаш и мал спомен може да поттикне многу сеќавања. Меѓу сеќавањате во книгата се вткаени прекрасните впечатоци од матурската екскурзија во Охрид во 1975 г. и посетата на други градови во Македонија, а како додаток, во содржината е опишана и репризата на матурската екскурзија повторно одење во Охрид, во 2016 г. по повод 40 годишнината од матурата и матурскската екскурзија.
Оваа е единствена можност да ги запознаете медицинските сестри од Хрватска, генерација 1972-1976 и да ги слушнете нивните искуства и визии за сестринството и сестринската нега, но и нивните впечатоци од Охрид и Македонија, тогаш и сега.
Настанот кој го организира Црвен крст Охрид, во соработка со Културно Информативниот Центар на Северна Македонија во Загреб, Хрватска и Oпштина Охрид, ќе се одржи на 8 април 2023, сабота во големата сала на Општина Охрид со почеток во 12 ч.
May be an image of book and text that says "Branka Duvnjak i Slavica Galić Price ricei naseg mlina eunu ธิอรอน zi อวdત Friče iz našeg mlina npomouиja: ca6oTa, 8 anpил, 12 પ. onwTиHa oxpиA -roлema caлa +"
 
 
 
 
< врати се назад