јуни 3, 2022

Програма за грижа на стари „НАЈДИ ВРЕМЕ“ при Црвен крст Охрид

✅ По долго време на неизвесност, страв, ограничувања и редуцирани активности поради пандемијата на Ковид-19, волонтерите во Програма за грижа на стари „НАЈДИ ВРЕМЕ“ при Црвен крст Охрид повторно активно се вратија на своите волонтерски активности.
✅ Во текот на месец мај, покрај редовната комуникација и посета на своите корисници на програмата, волонтерите одржаа низа предавања, работилници и ескурзија. Исто така, волонтерите присуствува на презентацијата на новите проекти активности на Црвен крст Охрид кои имаат за цел да придонесат кон подобрување на можностите за активно и здраво стареење.
📌 Следуваат дел од активностите во коишто волонтерите од „НАЈДИ ВРЕМЕ“ зедоа активно учество:
✅ Работилница на тема „Меѓународното хуманитарно право“ – Предавач: Љубчо Милкоски
✅ Работилница на тема „Семејство“, одржана по повод Светскиот ден на семејството – 15 Мај – Предавач: Ранко Раткушиноски
✅ Екскурзија – Св Спас – С. Горно Лакочереј – По повод Денот на сесловенските просветители „“ – 24 мај – Читање на проза и поезија од познати македонски писатели. На оваа екскурзија беа поканети и присуствуваа претставници од Здружението на пензинери.
✅ Презентација на проектот „Заедно – активни и солидарни“, проект поддржан од Општина Охрид
✅ Работилница на тема „Концептот активно стареење“ – Предавач: Катерина Наумоска. Оваа работилница се одржа во рамките на проектот „Заедно – активни и солидарни“, поддржан од Општина Охрид.
✅ Работилница на тема „Грижа за личното ментално здравје“ – Предавач: Ранко Раткушиноски. Оваа работилница се одржа во рамките на проектот „Заедно – активни и солидарни“, поддржан од Општина Охрид.
❤️ Биди и ти волонтер, приклучи се во Програмата за грижа на стари лица! Заедно да направиме позитивни промени за нашите граѓани! ❤️
 
< врати се назад