декември 18, 2021

Превенцијата на ризиците предизвикани од употребата на пиротехнички средства

Соработката на СВР Охрид-Одделението за превенција и Црвен крст Охрид продолжува и во делот на превенцијата на ризиците предизвикани од употребата на пиротехнички средства. Денес, на градскиот плоштад во Охрид припадници на СВР Охрид-Одделение за превенција и волонтери на Црвен крст Охрид делеа едукативни материјали за опасностите и последиците од користењето на петарди и други пиротехнички средства, со потсетување дека употребата на пиротехнички средства се казнува, а нивната продажба е нелегална.
Во тие рамки беше изведена и симулациска показна вежба на повредени од експлозија на петарди со приказ на повреди на шака од експлозијата и укажување на прва помош при таква повреда, од страна на парамедиците на Црвен крст Охрид.
„ПЕТАРДИТЕ НЕ СЕ ИГРАЧКА“ е пораката која организаторите на овој настан ја упатуваат до децата, но и до родителите, со апел за грижа за безбедни новогодишни и божиќни празници.
Вакви и слични активности во наредните денови ќе бидат реализирани и во дел од основните училишта во Охрид.
< врати се назад