април 25, 2019
Превенција и грижа за оралното здравје кај младата популација
На ден 24.04(среда) се одржа едукативно предавање со волонтери од Клуб на млади од Црвен крст Охрид во соработка со ПЗУ “Др. Сашо Стоев” и стоматолог Кристина Стојаноска Алоска на тема Превенција и грижа за оралното здравје кај младата популација. Во рамки на предавањето, волонтерите добија совети за правилно одржување на хигиената како и четки и пасти за заби кои беа обезбедени од Црвен крст на Република Македонија.