јуни 30, 2023
Прашалник за утврдување на ставовите за заштита на менталното здравје во Општина Охрид
Во рамките на проектот „И менталното здравје е важно!“ којшто Црвен крст Охрид го реализира со поддршка од Општина Охрид, спроведуваме истражување за утврдување на ставовите за заштита на менталното здравје во нашата општина. Со ова истражување сакаме да стекнеме увид во предизвиците со кои се соочуваат граѓаните на Општина Охрид при користење на услуги за подобрување на нивното ментално здравје.
Вашето мислење ни е важно! Доколку сте на возраст над 15 години, Ве молиме пополнете го прашалникот којшто е достапен на линкот подолу. Пополнувањето на прашалникот нема да Ви одземе повеќе од 5 минути.
Нема здравје без ментално здравје!