мај 15, 2026

ПОВИК ЗА КУРС ЗА СПАСИТЕЛИ НА ОТВОРЕНИ ВОДИ

Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид со задоволство го најавува новиот курс за обука на спасители на отворени води. Станете дел од тимот кој се грижи за безбедноста на нашите плажи!

​Термин и локација:

• ​Времетраење: од 21.06. до 28.06.2026 година.

• ​Место на одржување: Охрид.

​Услови за пријавување:

​За да биде прифатена апликацијата, секој кандидат мора да ги исполнува следниве критериуми:

• ​Да има најмалку 17 години (на денот на започнување на курсот).

• ​Да е добро психо-физички подготвен и знае да плива.

• ​Да достави потврда за здравствена способност за извршување на спортски активности, издадена од матичен лекар.

​Проверки и испити:

​Пред почетокот на теоретската и практичната обука, кандидатите ќе подлежат на влезни норми (пливање и нуркање). Обуката ја спроведуваат лиценцирани инструктори за безбедност на вода според меѓународните стандарди на International Life Saving (ILS).

​Начин на пријавување:

​Заинтересираните кандидати треба да ги достават потребните документи во просториите на Црвен крст Охрид најдоцна до 15.06.2026 година.

​Зошто да станете спасител?

​Стекнување меѓународно признат сертификат.

Динамична работа во текот на летната сезона.

Развивање вештини за прва помош и спасување кои спасуваат животи.

​За повеќе информации:

Телефон: 079 350 639

Е-пошта: redcrossohrid@watersafetycentre.mk

Веб-страница: watersafetycentre.mk

< врати се назад