декември 20, 2022

ПОСЛЕДИЦИ ОД КОРИСТЕЊЕ НА ПЕТАРДИ

Во пресрет на новогодишните празници, волонтерите од Црвен крст Охрид во соработка со СВР Охрид спроведува акции за зголемување на свесноста кај населението за последиците од користењето на петарди и други пиротехнички средства.
 
Новообучените волонтери од тимот за прва помош и тимот на шминкери за реално прикажување на повреди имаат можност да ги покажат своите знаења преку изведување на симулација на ампутирани прсти и изгореници како резултат од користењето на петарди заедно со волонтерите од Клубот на млади.
 
Показната вежба во склоп со предавањето на СВР Охрид за штетните ефекти на овие предмети ќе се изведува во сите основни училишта на територијата на општина Охрид.
 
Минатата недела беа опфатени учениците од основните училишта “Братство Единство”, “Св. Климент Охридски”, “Ванчо Николески” Лескоец и “Кочо Рацин” Охрид.
< врати се назад