ноември 19, 2026
Посета на корисниците на Програмата за грижа за стари лица „Најди време“
По повод одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица, на 17.11.2026 волонтерите од Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид реализираа посети на дел од корисниците вклучени во самата програма, продолжувајќи ја својата мисија за поддршка, внимание и грижа за повозрасните лица.
Затоа, најдете време за оние на кои им значи вашето внимание. Грижата за постарите е наша заедничка одговорност!






