април 19, 2023
Посета на корисници од програмата Грижа за стари лица “Најди време”
Традиционално како и секоја година, по повод христијанскиот празник Велигден волонтерите од програмата Грижа за стари лица “Најди време” од Црвен крст Охрид на 18.04.2023 година ги посетија своите корисници и корисниците на услуги од Здружението Добротољубие 2014.
Волонтерите на сите корисници им го честитаа празникот со велигденско јајце и пригодни подароци.