октомври 21, 2022

Победници на ликовниот конкурс

Во рамките на ПХВ програмата секоја година се одбележува ПХВ недела од 21-27 септември. Оваа година имаше повик за ликовен конкурс на тема “Промоција на хумани вредности” за ученици од 6 до 9 одделение. Пристигнаа 550 цртежи и истите беа разгледувани од страна на трочлено жири, од кои двајца академски сликари.
Честитки за Вероника Стојанова од ПУ Гоце Делчев с.Пирава – цртеж испратен преку Црвен крст Валандово. Таа ја доби наградата за надобар цртеж на тема „Промоција на хумани вредности“ во категорија 6 и 7 одделение, техника дрвени боички.
– Честитки и за Лора Христовска од ОУ Јоаким Крчовски- цртеж испратен преку Црвен крст Крива Паланка. Таа ја доби наградата за најдобар цртеж на тема „Промоција на хумани вредности“ во категорија 8 и 9 одделение, техника мешана-комбинирана.
И двете девојчиња ќе имаат можност со своите семејства да престојуваат еден викенд во нашиот центар Солферино во Струга.
Честитки за уметничките и да продложат да творат и да ја пренесуваат пораката на солидарност, хуманост и љубов преку уметноста!
< врати се назад