Пливање во Охридското езеро-Урош Ивановиќ
Во целосна организација на Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид на 12 ти август се одвиваше спортски на кој осумнаесет годишниот Урош Иванковиќ од Пирот, Србија, член на нуркачко-пливачкиот клуб „Пирот“ја постигна својата цел и својот голем предизвик да плива во Охридското езеро од Св.Наум до Охрид. Урош стартуваше во 9 часот од Св.Наум каде најпрвин му беа извршени потребните медицински прегледи. Во придружба на медицински и спасителен тим Општинска организација Охрид, поддржуван од своите родители и членови на нуркачко-пливачкиот клуб „Пирот“ Урош исплива растојание од 26 км од плажата на Св.Наум до градското пристаниште во Охрид за време од 7 часа и 15 минути. Среќен за реализираниот подвиг Урош најави учество и на спортските пливачки манифестации на Охридското езеро, наредната година.