август 19, 2020

Пливачки маратони

Тимови на прва помош при Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид, на 17 односно 18 август обезбедуваа пливачки маратони – Македонски куп во далечинско пливање и одложениот 41-ви Илинденски маратон. Покрај грижата за безбедноста и здравјето на натпреварувачите, тимовите беа задолжени во спроведување на протоколот за заштита од коронавирусот и мерките при оддржување масовни собири. За таа цел на секој учесник на маратоните покрај стандардните медицински прегледи, му беше измерена и телесна температура, се внимаваше сите инволвирани во организирање на маратонот да носат соодветна заштита – маска како и да се оддржува безбедна дистанца.

< врати се назад