
март 15, 2023
ПХВ ЗАЕДНИЧКИ СОСТАНОК
Овој вторник во просториите на Црвен крст Охрид се одржа првиот заеднички состанок за групите од ЦКА – ПХВ циклусот.
На истиот младинците имаа можност да ги претстават своите групи, идеите за своите проекти и да споделат искуства од своите први состаноци.
Дисеминаторот, помошник дисеминаторот и менторите преку различни енерџајзери се потрудија да ја покренат и опуштат атмосферата.
По состанокот беа одржани кратки менторски средби за определување на наредните чекори во однос на проектите.




