април 12, 2023

ПХВ ПРОЕКТИ -Хуманитарен спортски турнир во футсал

Изминатиот викенд на ден 08.04.2023 година во спортската сала “Билјанини извори” се оддржа хуманитарен спортски турнир во футсал.
На истиот учество зедоја тимови формирани од скоро сите основни и средни училишта од Општина Охрид, како и волонтерски екипи формирани од младите ентузијасти и љубители на спортот.
Настанот беше организиран од групите на младинци кои работат со деветчлено социјално загрозено семејство и лица со попреченост со цел собирање на финансиски средства за олеснување на нивниот живот.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад