јули 19, 2021

Патролни обиколки на спасители на вода

На барање на Локалната самоуправа од Охрид и Градоначалникот на Охрид, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид ангажира тим на спасители на вода кои, почнувајќи од 13 јули 2021 г. секојдневно ќе вршат патролни обиколки со спасителен чамец на вода, со велосипеди или пеш на копно, на дел од, таканаречените слободни капалишта на Охридското езеро. Секој ден во периодот од 11 до 19 ч. спасители на вода ќе патролираат на потегот од плажа Горица 3, плажа Славија, плажа Акапулко, плажа Лагадин, плажа Корали и ќе интервенираат во случај на потреба. За време на викендите и празниците, кога се очекува зголемен број на посетители на капалиштата, тимот на спасители ќе биде придружуван и од тим на парамедици кои ќе укажуваат прва помош во случај на потреба.

Општинска организација Охрид свои спасители на вода има поставено и на плажата во Св.Наум, на плажата на АК Љубаништа, на плажите Градиште 1 и 2, плажа Оревче, плажа Десарет, плажа Метропол-Белви, плажа Инекс, плажа Голден и на базенот во СРЦ Билјанини извори.

Апелираме до сите посетители, корисници на капалиштата, до издавачите на пловни реквизити (педалини, кајаци и сл.) да се придржуваат на препораките и мерките за безбедно одвивање на капење спорт и рекреација.

 

< врати се назад