февруари 3, 2023
Oтворениот ден за Бреинобреин програмата
Драги Родители, ако сакате Вашите деца да ги стекнат, развиваат и потврдуваат способностите за концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми, тогаш Ве очекуваме на вистинското место за тоа, во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид.
Уверете се во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои преку техниките Абакус Ментална Аритметика (АМА) и Неуро Лингвистичко Програмирање (НЛП) ќе помогнат Вашите деца да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно.
За детални информации, Ве покануваме на отворениот ден за Бреинобреин програмата во Црвен крст Охрид на 04.02.2023 г. (сабота) од 12:30 – 14:30 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.