јули 4, 2023

ОТВОРЕН ДЕН СО АРМИЈАТА И ПЛАНИНСКАТА СПАСИТЕЛНА СЛУЖБА ПРИ ЦРВЕН КРСТ ОХРИД

Почитувани,
Армискиот воздухопловен ВИНГ под команда за операции и Планинската Спасителна Служба Ве покануваат утре (Среда 05.07.2023г.) во периодот од 10:00 до 14:00ч, во кругот на Центарот за обука на вода во каналот Студенчишта (Веднаш до Мостот на каналот), на заедничко дружење и презентација на дел од воздухопловите, армиската опрема и опремата за спасување на планина и тешко пристапни терени.
Отворениот ден се организира со цел промоција на хуманата мисија на армијата и успешната цивилно-воена соработка, која армискиот ВИНГ и Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид успешно ја развиваат во изминатите две години, во интерес на ефикасноста и квалитетот на спасителните операции на планина и тешко пристапни терени.
Ве очекуваме!
May be an image of 7 people and helicopter
 
 
 
< врати се назад