декември 27, 2022

ОРАТОРСКА ВЕЧЕР ВО ДЕЛЧЕВО

На 10 декември оваа година по повод Светскиот ден на волонтеризмот волонтерите од Црвен крст Делчево организираа ораторска вечер на тема” Јас и Црвен крст ” во Делчево.
 
На ораторската вечер учествуваа најдобрите говори од распишаниот конкурс од Црвен крст Делчево кои беа одбрани од страна на стручна комисија која понатаму работеше со овие оратори во подготовките за настанот.
 
Говорите на Борче Исакоски и Ангел Крстески од Црвен крст Охрид беа одбрани меѓу најдобрите во финалето, додека Ангел учествуваше и во самиот настан во Делчево како претставник на Црвен крст Охрид и Клубот на млади.
 
Се заблагодаруваме на волонтерите од Црвен крст Делчево за можноста и гостопримството.
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад