Охридски пливачки маратон – 2018
На 25.08.2018 год се одржа 32-то издание на Охридскиот пливачки маратон на кој што како и секоја година Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид се вклучи со своја екипа за медицинските прегледи на пливачите, логистичка поддршка на маратонот како и медицинска поддршка во тек на целиот маратон каде што имаше и две интервенции.
Со свои екипи за прва помош Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид во периодов беше во поддршка и на 39тиот Илинденски пливачки маратон Охрид 2018 и Македонски куп во далечинско пливање 2.5км – “Леко Радиќ” на 02.08.2018, Интернационален олимписки пливачки маратон 10км Охрид 2018 на 11.08.2018 и Пливачкиот маратон “Леко Радиќ” на 10 км на 18.08.2018