април 1, 2024

ОБУКА ЗА ПРВА ПОМОШ

На 30 март се одржа четвртата и последна работилница од обуката за основите на првата помош во Клубот на млади во Црвен крст Охрид .
Истата ја одржа демонстраторот и тренер по прва помош Георги Ставрески, на која присуствуваа дел од волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид, но и заинтересирани млади од средните училишта од нашиот град.
Младите научија како треба правилно да постапат при препознавање и санирање на специфични повреди и итни состојби, како и како правилно да користат дел од опремата во амбулантата.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 4 people
 
 
 
< врати се назад