март 10, 2024
ОБУКА ЗА ПРВА ПОМОШ
На 9 март се одржа третата работилница од обуката за основите на првата помош во Клубот на млади во Црвен крст Охрид .
Истата ја одржа демонстраторот и тренер по прва помош Георги Ставрески, на која присуствуваа дел од волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид, но и заинтересирани млади од средните училишта од нашиот град.
Младите научија како треба правилно да преврзат отворени рани и посекотини, како да запрат крварење, и како да имобилизираат скршеници.