НОВИОТ ЦИКЛУС ОД ПРОГРАМАТА „МЛАДИ ЛИДЕРИ СОЗДАВААТ ИДНИНА“ ПОЧНУВА УТРЕ (15.09.2026)
Останува само 1 ден до почетокот на новиот циклус од програмата „Млади лидери создаваат иднина“ – пријавувањето сè уште трае! Програмата може да ја посетуваат ученици од деветто одделение до трета година средно образование. Учеството во оваа програма е бесплатно.
Програмата „Млади лидери создаваат иднина“ е одлична можност младите учесници да ги зајакнат вештините што ќе им помогнат да го остварат својот потенцијал и стремежи, како и да придонесат кон развојот на нивните заедници. Учесниците ќе посетат 13 работилници за унапредување на животни, лидерски и вештини за вработливост. Исто така, во рамките на програмата ќе се организира и панел за кариера.
Првата работилница ќе се одржи утре, 15.09.2026, со почеток во 19:00 часот, во просториите на Црвен крст Охрид на улица „Димитар Влахов“ број 52. Заинтересираните ученици можат да се пријават на следниов линк




