Неделата за борба против гладта
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид под мотото “Помислете и на нас” ја реализираше кампањата по повод Неделата на борба против гладта (16-22 октомври). Активностите оваа година беа насочени кон поставување корпи низ поголемите маркети, каде што граѓаните можеа да донираат храна и средства за хигиена, како и вклученост на корпоративниот сектор со нивна донација во прехранбени и хигиенски производи.
Во текот на кампањата, со донација на финансиски средства се вклучија и Лајонс клуб Десарети и Лајонс клуб Дениција и неколку физички лица. Покрај тоа и Општинската организација со свои сопствени средства обезбеди помош за лицата од социјално најзагрозените семејства.
И оваа година, во одбележувањето на Неделата за борба против гладта изостана традиционалното прибирање на донации со продавање на вредносни бонови во средните и основните училишта на територија на општина Охрид и Дебрца.
Во текот на изминатите недели, со почитување на мерките за заштита од Ковид-19, беа поделени 150 хуманитарни пакети со прехранбени продукти и средства за хигиена до ранливи групи граѓани од Општина Охрид и од Општина Дебрца .