мај 17, 2023
Неделата на Црвен крст и Црвена полумесечина
Во рамки на одбележувањето на Неделата на Црвен крст и Црвена полумесечина од 8-15 мај и по повод Меѓународниот ден на семејството, 15 мај, во соработка со волонтерите од програмата за грижа на стари лица „Најди време“ и ООУ „Ванчо Николески“ од с. Лескоец, Охрид, во просториите на Црвен крст Охрид се одржа презентација пред 18 ученици од IV одделение под менторство на две учителки.
Презентирани беа материјали за историјатот на движењето, основните принципи и волонтерство (што претставуваат поимите волонтерство и волонтер) и што значи да се биде волонтер на Црвен крст. Од страна на учениците беше покажан особен интерес, прашања, коментари и дискусии, како и заинтересираност за еден ден да постанат волонтери на нашата организација.
️
Исто така, учениците одржаа куса приредба пред волонтерите на Црвен крст Охрид.