март 3, 2023

Неделата на борба против ракот

Согласно календарот на традиционални активности во здравствено-превентивната дејност, а во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против ракот од 1-8 март, под мотото „Знаењето спасува живот“, Црвен крст Охрид организира активности насочени кон подигање на јавната свест кај општата популација за превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања.
 
Во таа насока, а имајќи ги во предвид податоците за застапеноста и зачестеноста на појавата на рак на грлото на матката кај женската популација, Црвен крст Охрид во соработка со Младински Центар Охрид организираше предавање на тема која е актуелна и чија едукација е неопходна за младите „Рак на грлото на матката-причини, симптоми, тестови, стадиуми, превенција и лечење“, кое се реализираше на 02.03.2023 (четврток) со почеток во 17 ч., во просториите на Младинскиот центар Охрид (Касарна Охрид).
 
Предавачот, Д-р Јасна Митреска, спец.гинеколог упати директна порака до женската популација да се грижат за своето репродуктивно здравје, да посетуваат редовно гинеколог, затоа што во 21 век неприфатливо е да се губат животи од рак на грло на матката кога со превентивни прегледи тоа може да спречи.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад