октомври 18, 2021
Недела за борба против шеќерна болест
Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид во периодот од 10-16ти октомври 2021 год. традиционално ја одбележува Неделата на борба против шеќерна болест која има за цел подигнување на свеста на населението, за тоа што претставува дијабетот, колку е застапен во светот и превенција од појава на шеќерна болест преку промовирање на здрави животни навики.
По тој повод, денес, 18.10.2021 др.Соња Стурлакова Димовска одржа едукативно предавање на корисниците и волонтери од Програмата – Грижа за стари лица -“Најди време” а овогодинешното тема беше ‘‘Здрави животни навики и дијабетот”.