февруари 28, 2018
Недела на срцево садови заболувања
Во рамки на своите здравствено-превентивни активности, а како дел од одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања (21-28 февруари), Црвен крст Охрид организираше низа активности насочени кон превенција и заштита од срцево-садовите заболувања. На 26.02.2018 г. во просториите на Црвен крст Охрид, д-р Марија Зимбова, специјалист интернист, одржа предавање на тема Здраво срце – Ваша цел. После тоа, тимовите за прва помош и парамедиците на Црвен крст Охрид даваат практични совети и техники за помош и самопомош при срцев напад, а заинтересираните добија бесплатни здравствено-превентивни прегледи прегледи-мерење на крвен притисок и ЕКГ.