април 19, 2024

НЕДЕЛА НА ХИГИЕНИЗАЦИЈА

Во рамки на активностите за одбележување на Неделата на хигиенизација, Црвен крст Охрид организира едукативни работилници на темата со најмалите и најмилите членови на нашиот град.
Беа спроведени две работилници на иницијатива на раководството на Клубот на млади во градинките “Лихнида” и “Билјана” каде што волонтерките Сара Ристоска и Софија Јаковлева ги едуцираа дечињата за тоа колку и зошто е важна редовната хигиена, како да одржуваат лична хигиена и да се грижат за себе и својата околина .
Работата со различни целни групи е еден од најголемите приоритети на Црвен крст Охрид, со цел дисеминација и информирање за мисијата на нашето движење во рамките на интересите на секоја од нив.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 3 people and toy
 
 
 
< врати се назад